Руската нафтена компанија Лукоил преговара со владата на Црна Гора за отворање на десетина бензиски пумпи во Подгорица и на Црногорското приморје. Неодамна по тој повод е одржана бизнис средба во Белград, на која црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и потпретседателот на Лукоил Николај Томофеевич Чорни разговарале за можностите Црна Гора, покрај “Југопетрол” и “Монтенегробонус” да добие и трет “нафташ”, објави весникот “Дан”. Посебен интерес за нафтените деривати на Лукоил покажала Железарницата во Никшиќ, сопственост на руската компанија “Саламон Ентерпрајсиз”, а се претпоставува дека тоа ќе го направи и Комбинатот за алуминиум во Подгорица, доколку премине во рацете на руски “Русал”.