x

Пулишиќ го донесе Ливерпул на 45 минути до шампионската титула (ВИДЕО)

Члзи води со 1:0 по првото полувреме на дербито на 31. коло на Премиер лигата против екипата на Манчестер Сити. „Сините“ погодија во 36. минута, по едно велемајсторско дело на Кристијан Пулишиќ, кој успеа да искористи едно недоразбирање меѓу фудбалерите на Сити на средината на теренот, тргна во соло пробив и на крајот ефектно ја смести топката во мрежата на Едерсон.

Ако челзи успее да ја задржи предноста, па макар и да одигра нерешено, уште вечерва екипата на Ливерпул ќе ја слави шампионската титула, прва по пауза од цели три децении.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата