Пудинг-бомбици
Состојки:
½ л млеко
4 лажици шеќер
1 кесе пудинг од ванила
1 лажица екстракт од ванила
3-4 капки екстракт од малини
100 гр кокос
Подготовка:
Се прави пудинг на вообичаен начин. Се одвојува малку млеко, се разматув со пудингот, па се се става во млекото со шеќерот и ванилата да поврие.
Оладениот пудинг се меша со кокосот, се чека да се олади и смесата се дели на два дела. Во едниот се става екстрактот од малини, а другиот се остава чист.
Се прават топки и се валкаат во кокос.