Кај нив бура и виножито се менуваат со невероватна брзина. Сите понекогаш чуствуваме нерасположено, но кај некои луѓе промената на расположението е толку изразено што можат да се карактеризираат како емотивно нестабилни. Овие пет хороскопски знака се такви:

1. Рак

Раковите се толку чуствителни што често се навредуваат и за најмала ситница. Наутро можат да се расположени и полни со енергија, а веќе до ручек нервозни и склони на провокација. Иако нивното однесување може да биде одбојно, тоа не го прават намерно. Едноставно не ги разбираат работите на ист начин како другите хороскопски знаци. Одлични пријатели се и доста грижливи со што е потребно да поминете со нив некое време и да ги запознаете нивните емоции во вистинска смисла.

2. Вага

Баш како што и самото име кажува, на Вагите исклучиво им е важен животниот баланс, но тоа не е баш лесно да се постигне. За да се постигне баланс потребни се вежби и енергија, а Вагата понекогаш намерно предизвикува нерамнотежна во својот живот за да постигне одредена цел. Такво нешто може да влијае на нивната емоционална состојба со што се склони на различни испади.

3. Шкорпија

Ако Шкорпијата не ги контролира своите емоции, тие можат да бидат многу непријатни. Нивните чуства можат да се манифестираат во облик на бес, освета или поголеми испади. Меѓутоа, кога еднаш треснат на земја, можат брзо да се опорават и повторно да бидат емотивно нестабилни.

4. Стрелец

Иако Стрелците не се емотивно нестабилни на типичен начин, нивното расположение може да биде многу променливо. На пример, еднаш на изненадување реагирате со одушевување и страст, друг пат ќе ги налути или ќе бидат незаинтересирани. За тоа начесто причина е стресот или оптеретеност со одредени работи, поради кои неможат да се концентрираат нити да се радуваат за нешто друго.

5. Риби

Овој хороскопски знак има длабока интуиција и многу е сочуствителна со други. Добра работа е што Рибата знае како да ги контролира своите емоции и да ги преточи во нешто корисно, па затоа многу од нив се занимаваат со некој вид на уметност. Меѓутоа, ако немаат каде да се “издуваат“, со нив може да биде многу тешко.