Челниците на ПСЖ во Доха, денеска имаат состанок на кој ќе се решава иднината на Томас Тухел. Германецот е пред отказ, откако тимот тешко дека ќе го повтори ланскиот успех во ЛШ, особено после двата порази од првите три натпревари.
Згора на тоа ПСЖ треба да гостува на Јунајтед во групната фаза, а доколку не го победи Лајпциг на домаен терен, може да се збогува од следната фаза.
Парижаните оваа сезона се далеку од формата од лани, но треба да се има во предвид дека Тухел е со еден куп проблеми по отсуствата на Нејмар, Мбапе, Икарди…
Инаку против смената на Тухел е спортскиот директор Леонардо, кој посакува Германецот да остане и натаму на клупата. Но, јасно е дека последниот збор ќе го имаат челниците на тимот.
Масимилијано Алегри се споменува како најсериозен кандидат за негов наследник, а во трка се и Маурицио Покетино, а исто така будно се следи и разврската на Гвардиола со Сити.