x

ПСЖ испрати добри вести за Интер

„Corriere dello Sport“ открива дека во ПСЖ донеле одлука за Мауро Икарди. Челниците на клубот се подготвени да го откупат договорот од Интер за 70 милиони евра.

Договорот на францускиот првак со италијанскиот тим за Аргентинецот истекува за два месеци. Доколку ПСЖ навистина се одлучи на ваков чекор, во тој случај Едисон Кавани ќе го напушти Париз, а заедно со него и Томас Тухел, кој беше против Икарди.

Аргентинецот имаше турбулентен период во Милано, во дресот на ПСЖ одигра 31 меч и постигна 20 гола, 12 во Лига 1, пет во Лигата на шампиони и три во Купот на Франција.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата