x

ПСЖ ги започна преговорите за трансфер на Деле Али!

dele-ali-psg

Се чини дека големи се шансите Деле Али, репрезентативецот на Англија и еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем, да направи трансфер во ПСЖ. Како што денеска јавуваат медиумите на Островот, раководството на европскиот вицеправак веќе ги започнало преговорите, се чека на конечниот исход. Интересно е тоа што Деле Али прво бил понуден на Реал Мадрид како дел од трансферите на Бејл и Регулион, но “кралевите“ не го сакале Деле Али. Не го сака ни Жозе Мурињо, кој нема ништо против играчот за врска да ги напушти “спарси“.

Имаме доста голем играчки кадар. Имаме премногу играчи на одредени позиции и затоа некои играчи ја плаќаат цената“ истакна Жозе кога го прашаа дали навистина Деле Али ќе си замине од таборот на „спарси“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата