x

ПСЖ влезе во ритам, Порто и Митревски паднаа и во Париз

mitrevski-porto

ПСЖ и Раул Гонзалез по вторпат во една недела излегоа како победници пд дуелот со Порто на Никола Митревски. Францускиот тим на домашен терен беше подобар со 29-28 (15-11).

Според играта во првото полувреме, па и голем дел од вториот период се чинеше дека ПСЖ лесно ќе дојде до триумфот. Вака не размислуваше Порто со серија од 4-0, дојде на 27-26 на две минути до крајот. Хансен го прекина налетот на гостите, кои на крајот мораа да се помират со четвртиот пораз оваа сезона.

Никола Митревски средбата ја заврши со четири одбрани, прв стрелец кај ПСЖ беше Хансен со девет погодоци.

ПИК Сегед конечно заигра, го запиша првиот триумф, на домашен терен го совлада Елверум со убедливи 36-27.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата