Наместо леб послужете ја со главно јадење

 

Состојки:

– 500 пченкарно брашно или гриз

– 100 гр, брашно

– малку сол и масло

– јајце –

1/2 литар јогурт

– 1 пециво

 

Подготовка:

Измешајте го пченкарното и обичното брашно, додадете го јајцето. Измешајте, посолете и додадете го пецивото. Цело време мешајќи се додавате јогуртот. Мешате додека смесата не стане хомогена.

Содржината се истура во подмачкан плех, се пече на 200-220 степени околу 10 минути додека не порумене. Проверете дали е добро испечена со чачкала која треба да биде без траги од недопечено тесто.