Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска оствари проштална средба амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ.

На средбата соговорниците разменија мислења за сè вкупните билатерални односи меѓу двете држави и постигнатите резултати на овој план, при што изразија задоволство од досегашната одлична билатерална, регионална и мултилатерална соработка, со решителност за нејзино збогатување во сите области од заемен интерес.

Министерот Димитров изрази благодарност и за силната поддршка што Црна Гора ја дава за ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија и се заблагодари за личниот придонес на амбасадорот Митровиќ во унапредувањето на сè вкупните билатерални односи, упатувајќи желби за негов натамошен успешен, професионален ангажман. Во тој контекст, на амбасадорот Митровиќ му беше врачена благодарница за неговиот придонес во промоцијата на пријателството и сорботката меѓу Република Македонија и Црна Гора.

извор: Makfax