x

Протоколи за европските купови – еве што ги чека нашите претставници во Европа

uefa-sostanok

Нашите екипи кои ќе ја претставуваат земјата на меѓународна сцена веќе се подготвуваат за настапите, кои ќе се одвиваат под посебни протоколи поради пандемијата со коронавирусот.

Протоколот на УЕФА предвидува тестирања на сите учесници, од фудбалери и стручен штаб, до оние кои ќе се грижат за организација на натпреварот.

Играчите и тренерите се првите по важност, во втората група се службените лица, а потоа во третата група сите лица кои ќе се грижат околу организацијата, но нема да бидат во директен контакт со лицата од првите две групи.

Тука се поставува прашањето, што ако некој играч биде позитивен на коронавирус? Дали целата екипа оди во изолација?

Во изолација оди само играчот кај кого е позитивен тестот, односно имаат право за настап оние со негативен тест. Заразениот играч се води како повреден, и се изолира целосно од тимот (не оди ниту на тренинзи, не патува со екипата, нема контакт со никого од тимот).

Исто така тука може да биде проблем и патувањето, кое се одвива под специјални протоколи, а УЕФА се подготвува за некое сценарио кое ќе одговора на двата тима, кои ќе се паднат меѓусебно. Во опција е неутрален терен некаде на средина помеѓу двете земји, со оглед дека во квалификациите ќе се игра само еден меч.

Во секој случај се очекува УЕФА да излезе со официјално соопштение околу тоа како ќе бидат организирани и играни евро-куповите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата