x

Против Швајцарија ќе мораме и без Манасков!

manaskov-e1599240579570

Се чини како да не запираат проблемите за нашиот селектор Данило Брестовац пред утрешниот квалификациски меч на гости со Швајцарија. По неколкуте откажувања и позитивни на Ковид-19, еве уште една лоша вест. А таа е дека Македонија, односно нашата најдобра ракометна селекција утре ќе мора и без еден од клучните ракометари, без Дејан Манасков, кој не ни отпатува за Швајцарија со останатиот дел од експедицијата.

Проблемот е во тоа што крилото на Веспрем од технички причини. Имено тој нема да биде во составот поради навремено извршен Ковид-19 тест во Швајцарија со кој би можел да се врати во Унгарија.

Тој остана во Скопје каде што ќе прави тест, и ако биде негативен би се вратил во Унгарија и тоа во текот на утрешниот ден.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата