Венецуела почна со инсталирање на околу 30.000 безбедносни камери во обид да се справи со криминалот. Повеќето од камерите ќе бидат поставени во ризични квартови во главниот град Каракас. Дел од камерите веќе се инсталирани во Сукре, во северниот дел од државата.
Од почетокот на септември камери ќе има во квартот Петаре на Хавана, познат како најопасната зона во Каракас. Во 2012 година во Венецуела се извршени над 16.000 убиства.