За неколку часа, актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Германија ќе го стартува последниот натпревар од групната фаза на ЕП 2016, дуелот против селекцијата на С.Ирска.

Со победа, “панцирите” и математички ќе ја осигураат првата позиција во групата “Ц”, а освојување на три бода најави и бомбардерот на Баерн (М), Томас Милер.

Мораме да играме подобро во нападот, да создадеме повеќе шанси за гол. Работиме како тим, не само на тренинзите, и разговараме околу тоа. Против Северна Ирска ќе пробаме некои работи, и ќе се радуваме на тој натпревар. Не верувам дека играм толку слабо, едноставно не се наоѓам во шанса или пак голманот добро интервенира. Како и да е, очекувам наскоро да го постигнам и првиот гол на ЕП, изјави Милер.