Косовската Влада прексиноќа го отфрли предлогот на Белград за пролонгирање на преговорите за решавање на идниот статус на Косово. Во образложението на косовската Влада се наведува дека не се согласуваат со пролонгирањето на преговорите, со цел да се зачува динамиката на преговорите одредена од специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари.