Министерство за здравство информира дека денеска до 19:00 часот вакцинирани се вкупно 488 деца со МРП вакцина.

„Апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина, која е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија“, велат од министерството и додаваат дека вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат и утре до 19:00 часот.

Од таму потсетуваат дека се уште е на сила наредбата децата кои се невакцинирани да не бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата на мали сипаници (морбили) прогласена во Скопје.

извор: Makfax