Глауком е сериозно заболување на окото, кое ако не се лекува може да доведе до губење на видот, па дури и до слепило. Токму затоа е неопходно изработка на национална стратегија за справување со ова заболување, кое е втората причина за слепилото на луѓето, а нејзиното реализирање треба да биде еден од приоритетите на јавниот офталмолошки сектор. Во оваа функција, според проф. д-р Елена Џајковска, која заедно со д-р Весна Димовска е автор на книга за глаукомот, е потребно да се организира кампања со која ќе се придонесе навремено да се открие болеста. “Основни услови за справување со глаукомот се благовремено дијагностицирање на заболувањето, правилно лечење и редовни прегледи на очите, но и воведувањето на научно релевантни и унифицирани протоколи за оваа дијагноза што трајно го оштетува очниот нерв.