Изборниот штаб на Светлана Тихоновска на претседателските избори во Белорусија објави дека не ги признава резултатите од Централната изборна комисија.

Претставникот на Тихонова соопшти дека резултатите што ги има штабот од избирачките места покажуваат дека Тихонова победила со 70 до 80 проценти од гласовите, пренесува РИА.

Според ЦИК, таа освоила 9,9 проценти од гласовите.

 

извор: Makfax