ВМРО-ДПМНЕ денеска преку протест со возила го искажа својот револт против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот од страна на власта на СДСМ.

Протестот во Скопје започна во 18:30 часот со почетна точка СЦ Јане Сандански, па се до Владата на Република Македонија.

Илјадници граѓани заедно со ВМРО-ДПМНЕ направија колони со возила и го искажаа својот револт и бунт кон владата.

Од партијата потенцираат дека Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот.

– Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот. Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност. СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите, порачаа од партијата