Граѓаните и вечерва заедно со опозицијата го изразија својот револт против погрешните политики на власта и преговорите со Бугарија за македонскиот идентитет, јазик и историја.

На три локации Министерството за надворешни работи, Министерството за правда како и пред Владата на Македонија, голем број на граѓани порачаа дека нема да дозволат да се тргува со македонските корени.

Да излеземе сега, после да не биде предоцна. Оставка на Заев за спас на народот велат насобраните граѓани кои со тоалетна фрлаа по владата за како што велат Заев да го избрише срамот од трговијата со Бугарија. 

Од партијата порачуваат дека народот го крена гласот за предавствата на оваа власт. Заедно со граѓаните му порачуваме на квинслингот Заев доста е со распродавање и понижување на државата. ВМРО-ДПМНЕ го предупредува македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара