Протести против ЕВН
Неколку илјади граѓани на бугарските градови Пловдив и Пазарџик вчера протестирале пред седиштето на ЕВН, поради аферата тешка неколку милиони евра за натпишани сметки за струја, што оваа енергетска компанија ја тресе во Бугарија, пишуваат тамошните медиуми.
Незадоволните бугарски граѓани носеле пароли “ЕВН лажговци”, “Доста со енергетското самоволие” и “ЕВН крадци”.
Протестот го предводеле пратеници во општинскиот совет на Пловдив, кои до енергетската компанија поднеле писмен ултиматум, претходно изгласан во Советот на општината.
– Даваме рок уште седум дена, ЕВН јавно да се произнесе за аферата со натпишаните сметки и да се утврди како се појавил проблемот. Ако не се исполни тоа ќе бараме обелоденување на приватизациската зделка, со која ЕВН го купи претпријатието “Електрораспределба Пловдив” – се вели во ултиматумот.
Според ЕВН, од околу 3.000 жалби колку што добиле тие утврдиле дека биле натпишани само 148 сметки за струја, за кои најавиле дека ќе ги коригираат. (Р.Ј.Н)