Албанската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собраа четврта вечер по ред на протести.

Тие се собираат поради неодамнешното убиство на еден млад човек од страна на полицијата за време на полицискиот час.

Неколкумина демонстранти беа уапсени. Голем број полицајци со водени топови формираа кордон околу владата и зградата на министерството во Тирана. Демонстранти во многу помал број од претходните вечери поминати од Министерството за внатрешни работи и полициската администрација во Тирана, извикувајќи „Долу комунистите“ и „Рама, оди си“.

Некои малолетни лица меѓу демонстрантите ги скршија сообраќајните знаци, пренесува АП.

Претходно денес се одржа протест во Скадар и Драч.

Протестите се случија откако полицаецот Невалдо Хајдарај во раните утрински часови во вторникот пукаше и го уби 25-годишниот Клодијан Раша, бидејќи тој не одговорил на полициското барање да запре во текот на ноќниот полициски час. Уапсен е полицаецот и е под истрага за „убиство при надминување на неопходната самоодбрана“.

извор: Makfax