– Со одземањето на мандатот ќе биде овозможено да се преземат сите неопходни мерки за заштита на уставниот поредок и државата, од сите дејства со кои земјата/државата (Р.Македонија) и Македонскиот народ се ставаат под директна мирна окупација, велат организаторите.

Мирниот протестен марш планирано е да започне во 17 часот пред канцеларијата на делегацијата на ЕУ, каде ќе има обраќање кон ЕУ и НАТО, а потоа маршот ќе продолжи по улицата Водњанска, се до вилата ВОдно, каде што на претседателот ќе му се предаде протестното барање.

– Истовремено, поради непринципиелните политики кон Р.Македонија, мешањето во внатрешните политики на суверена, независна земја членка во ОН, на соодветен начин ќе се сензибилизира и интернационализира македонското прашање, со запознавање на светската јавност со Вистините за Македонија, и на сите држави, особено оние кои ја признале Р.Македонија под уставното име, од кои ќе браме поддршка поради наметнатата окупаторска диктатура во Македонија и геноцидните планови против Македонија и Македонскиот народ, се вели во повикот.

Како организатори на овој марш се потпишани Здружението на граѓани „Преродба”, Семакедонскиот национален совет Македониум, МПЗ Тврдокорни, Движењето за цивилизациски вредности и Единствениот пат – Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет, кои повикуваат наместо Македонија да биди „линија на огнот” да биде мостот на цивилизирана соработка помеѓу источната и западната цивилизација.