Да ги кренеме главите горе високо, за Македонија се работи, за грутката земја од прадедовците, за парчето тло кое е во душата, откинато од срцето, вгнездено за век и навек оти како родниот крај нема друг, оти се сака искрено, безусловно. Народе бунт се крена. Но, овојпат не со оружје и кама, гласот твој нека се слушне, доста се неправди. Доста се креирани сценарија. Не сме марионети, не сме луѓе од глина, ние сме фаланга александрова, обоена во црвено жолта боја со срце и душа во Македонија, рече Елена Орцева, студентка од Струмица.

Пред собраните граѓани се обратија и други говорници кои упатија порака за заедничка Макеоднија на сите кои живеат во неа со зачувување на унитарноста, јазикот, името и идентитетот.

Од градскиот плоштад, групата граѓани се упати низ централното градско подрајче со транспарент во раце „За заедничка Македонија” и со пеење патриотски песни. Протестот помина мирно без инциденти.