x

Просинечки за “АС“: Да останевме заедно Југославија ќе се бореше за европски и светски титули!

За Роберт Просинечки не треба да се трошат зборови. Хрватот е еден од најдобрите фудбалери во историјата на овие простори. Беше член на Ц. Звезда со која освои се што можеше да се освои, репрезентативец на екс – СФРЈ со која репрезентацијата стаса до 1/4 финалето на СП во Италија 1990, еден од ретките кои играл за Реал Мадрид, а потоа за Барселона, член на златната генерација на “коцкестите“ која беше трета на СП во Франција 1998.
Подоцна Просинечки стана успешен тренер, селектор.

Тој во интервју за шпанскиот “АС“ даде интересна анализа за тоа што би било кога би било, пред се тука мислеше на неговата генерација која прво се прослави со титулата светски првак за младинци во Чиле 1987 година.

“Тој тим кој играше во Чиле се усовршуваше четири години. Тогаш лигата во екс Југославија беше многу силна, не можевме да направиме трансфери пред да наполниме 25 години. Немаше странци, и сите што вредеа имаа шанса да го докажат својот квалитет. Дел од таа генерација со Ц. Звезда стана европски и светски првак, а дел од нив подоцна во своите клубови освојуваа безброј трофеи. Не би сакал да бидам дециден, не би сакал да се враќам наназад 30 години, но едно знам, ако таа наша генерација останеше заедно тогаш јасно е дека тогашната репрезентација на Југославија постојано ќе се бореше за европските и светски титули“ изјави Просинечки.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата