Тетовската полиција во попладневните часови на 2. септември спроведе акција на улицата „102“ во овој град при што бил уапсен 29-годишен дилер на дрога веќе осуден на затворска казна.

Како што информираат од МВР, 29-годишникот бил осуден на затвор од 2 години за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Тетовецот бил спроведен во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.

извор: Makfax