Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од други единици при СВР Скопје, како и полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Блаце“, во атарот на с.Блаце, кај место викано „Вражји вир“ пронајдоа 180 стебла од канабис, како и опрема за одгледување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax