Викендов, околу пладне, напасувајќи ги овците во месноста Уно Еден И.С. од тетовското село Јажинце забележал неколку експлозивни направи и веднаш ги известил соодветните служби во полициската станица за граничен надзор Рогачево.

На местот полицијата пронашла 100 гранати за рачен фрлач за коишто се претпоставува дека биле оставени подолго време, но биле во исправна состојба.
Откако ги фотодокументирала, полицијата ги подигнала и ги транспортирала гранатите до соодветното место.