Шеест и двегодишен маж од селото Табановце во полиција пријавил дека пронашол рачна бомба на рабник покрај автопатот Куманово – граничен премин Табановце, во близина на бензинска пумпа.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Од страна на пиротехничар на ДЗС експлозивната направа е подигната за понатамошна постапка.

извор: Makfax