На булеварот „Зоран Ѓинѓиќ” во Нов Белград е пронајдена неексплодираа бомба тешка околу сто килограми, изјавија претставници на српското Министерство за внатрешни работи, јави Танјуг.

На лице место излегле контрадиверзантски екипи и припадници на Секторот на вонредни ситуации.

Бомбата вчера околу 16 часот ја пронашле работници на Белградски електрани при изведување на работи.

Министерството нагласи дека работниците на Белградски електрани со багер ја ископале авионската бомба, со маса од околу 100 килограми, која е во доста лоша корозивна состојба и најверојатно е останата од Втората светска војна.