Низ медиумите во соседството наголемо се врти приказната дека неодамна Стефан Ѓуриќ – Раста платил казна од 120 000 динари бидејќи полицијата, наводно, пронашла марихуана кај него. Се се случило за време на рутинска контрола.

„Тоа беше во април. Полицијата го запрела во Нов Белград и веднаш штом Раста го отворил прозорецот се почувствувал мирис на марихуана, по што тие го пребарале автомобилот. Дрогата била за лична употреба, па добил казна од 120 000 динари“, открил извор близок до музичарот за српските медиуми.