Унгарија утре вечер ќе го затвори јужниот дел на Будимпешта, за да неутрализира неексплодирана американска бомба од Втората светска војна.

Бомбата е пронајдена за време на градежни работи.

Според информациите, бомбата е тешка 1.000 килограми, а откриена е вчера покрај реката Дунав, рекол портпаролот на војската.

Полицијата ќе затвори делови на 9, 11 и 21-от округ утре во 18.30 часот. Затворањето ќе влијае на мостот Ракочи, неколку улици, како и дел од самата река.

извор: Makfax