x

ПРОМОЦИЈА: Тотенхем се пофали со Џо Харт!

hart-totenhem

Она што се најавуваше во текот на изминатите денови, денеска и се оствари. И официјално Џо Харт е ново име во редовите на Тотенхем. Клубот од „Вајт Харт Лејн“ го промовираше Харт кој доаѓа да биде втор голман, или замена за неприкосновениот Хуго Лорис.

Тој, дел од својата кариера, се чини и врвот на истата, ја имаше кога беше член на Манчестер Сити, со кого освојуваше и шампионски пехари во Премиерлигата. Потоа следуваше пад во неговата кариера, па бранеше за екипите на Блекпул, Торино, Вест Хем, Барнли од каде и дојде во Тотенхем. Џо Харт одамна не е прв голман на селекцијата на Англија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата