Алзас ќе биде промовиран пред стопанственици, но ќе стане збор и за унапредување на економската соработка.

На промоцијата ќе присуствува и француската амбасадорка Лоренс Оер.

Организирани ќе бидат и средби со претставници на Секретаријатот за европски прашања, на Сојузот на стопански комори и на Министерството за локална самоуправа на кои ќе се разговара за јакнење на деловните односи.

Делегацијата составена од општински советници, економски промотори, претставници на здруженија, познати готвачи и слаткари, попладне ќе учествува и на прес-конференцијата „Добредојдовте во Алзас” во хотелот „Мериот” каде ќе го претстави својот регион од економски, туристички и гастрономски аспект.

Француската делегација престојува во Македонија од 19 до 22 јуни.