Книгата “Дискурси на визуелното” од проф. д-р Иван Џепароски ќе биде промовирана денеска (12 ч.) во свечената сала на Филозофскиот Факултет во Скопје.

За делото ќе говорат академик Георги Старделов и проф. д-р Денко Скаловски.

Иван Џепароски е професор по предметот Естетика на Филозофскиот факултет во Скопје, поет, филозоф, теоретичар на културата. Автор е на десетици поетски книги и дела од областа на естетиката и на културната теорија за кои ги има добиено наградите: „Млад борец” (1984), „Димитар Митрев” (1993) и „Парадигма” (2009). Неговата поезија и некои од неговите есеи преведени се на повеќе јазици.