Во Грција е промовирана нова централно-десничарска политичка партија, за која се смета дека има блиски врски со таканаречената Караманлис фракција во опозициската Нова демократија.

Манифестот на новата партија, која се нарекува Мрежа на грчки радикали, го потпишаа Савас Цитуридис и Никос Циарционис, кои беа министри во конзервативната влада на Костас Караманлис од 2004 до 2009 година.

Промовирањето на партијата се одржа вчера, на тринаесеттата годишнината од изборната победа на Караманлис на 7 март 2004 година.

Новата партија сака да даде „активен и значителен придонес за отворени и организирани консултации со цел обликување на националниот план за надминување на кризата”, се вели во партискиот манифест.