Претпладне и околу пладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час. УВ=7

Утре претпладне и околу пладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ=7

Во Скопје претпладне ќе има променлива облачност со повремен дожд и појава на грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во текот на денот. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 26 степени.

Од среда следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.

извор: Makfax