Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од јужен правец.

Попладне и кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, претежно во западните делови од земјава, информира УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и слаб јужен ветер. Доцна попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

извор: Makfax