Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи. Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 11 до 18, а максималните од 21 до 30 степени.

Во вторник ќе настапи постепена стабилизација, но во северните делови се уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд. Потоа следува период на претежно сончево и топло време.

извор: Makfax