Времето денеска ќе биде променливо облачно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму посочувааат дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и локална појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната од 25 до 31 Целзиусов степен. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Од понеделник до четврток во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

извор: Makfax