x

Промени и во квалификациите за У-21, пласманот на ЕП сега e речиси невозможна мисија

Пандемијата на коронавирусот, го „уништи“ фудбалот, па така УЕФА денеска донесе неколку важни одлуки за натпреварите во ЛШ, во ЛЕ, како и во Лигата на Нации.

Но, УЕФА донесе и нови правила за квалификациите за пласман на младинското Европско првенство идната годниа. Но, лошо е тоа што тие правила влијаат на македонската селекција, која сега ќе има далеку потешка задача за да се пласира на завршниот турнир.

Така од првичниот систем од деветте пропласирани во групите, и најдобриот второпласиран да одат на ЕП, а другите второпласирани да играат во бараж, сега најновата одлука е сите првопласирани и петте најдобро второпласирани да одат во групната фаза заедно со двата домаќини Словенија и Унгарија.

Тоа би значело дека Македонија за да се најде на завршницата, треба да има 100% победи до крајот и да биде меѓу најдобрите пет второпласирани репрезентации, ако се има во предвид дека се очекува Шпанија да биде првопласирана во групата, и да ја оправда фаворитската улога.

Македонија до сега во четири меча има седум бода.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата