x

ПРОМЕНИ ВО НБА ЛИГАТА: Скратена сезона, сезонски турнир и 6 места кои директно водат во плеј-оф

НБА лигата го претстави својот предлог за намалување на натпреврите во регуларната сезона на 78 средби и вметнување турнири во годишниот распоред што ќе стапи на сила од сезоната 2021/22.

На клубовите им е предложено во текот на сезоната да се одигра и едне турнир кој би обезбедувал дополнителни бонуси и награди за играчите. Секој учесник на овие турнири кој ќе биде победник би добил 1 милион долари, а тренерот на победничкиот тим 1,5 милион долари.

Идејата е турнирот да почне со сите 30 клуба, а осум најдобри тимови да се пласираат на завршниот тунри кој би се играл по системот на елиминаици во ноември и декември.

Интересно е што НБА исто така разгледува да се игра и бараж за место во плеј-офот. Според доставените промени, во плеј-офот место би имале по шест тима, додека седмото и осмото место во двете конференции кои сега водат во плеј-офот, со новите промени заедно со екипите кои се на 9. и 10. место би се бореле за двете преостанати слободни места од двете конференции.

НБА лигата им соопшти на тимовите дека студијата што ја нарачала преку трета компанија претходно оваа година покажала дека 60% од навивачите на НБА сакаат пократок регуларен дел на сезоната, дека 68% од навивачите изјавиле дека се заинтересирани за сезонски турнир.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата