x

„Промените во составот се слатки маки, господ да не чува од коронавирусот“

Пандемијата коронавирус за жал го диктира нашето темпо на живот, токму од овој невидлив непријател зависи и спортот. Ништо не е исто, работите се променија, ако пред пет месеци сите безгрижно тренираа, играа мечеви и доаѓаа во сала, сега сето ова во време на „Ковид-19“ изгледа поинаку.

Екипите се изолирани, се внимава на секој детал, се чува здравјето како никогаш до сега, во Вардар 1961, како и сите останати тимови, се превземаат сите мерки за заштита на играчите.

Дојде време кога промените во еден состав не го плашат тренерите, главен проблем е токму неизвесноста со пандемијата коронавирус, плановите не можат да се кројат ниту на неделно ниво.

„Големиот број на млади играчи мислам на двата средни бека, Јотиќ и Гаџа, треба да се адаптираат, тешко е да се вклопат во овие два месеци, но сето ова е една слатка мака, ние како тим ќе успееме да бидеме на потребното ниво за Лигата на шампионите.

Многу потешко е сето она што не опрукужува во изминатите пет месеци. Не можете да направиме долгорочен план, мора тоа да биде неделен, па и тој може да се промени. Да не чува господ од вирусот и сето она што се случува“, порача Алушовски пред стартот на подготовките.

Предводникот на Вардар е среќен што во Македонија три екипи се засилија квалитетно, па неизвесноста е вистински предизвик.

„Среќен сум што во Македонија ќе има три квалитетни екипи, квалитетот на Металург и Е. Пелистер е подигнат за едно ниво повеќе од изминатите години, не се плашиме од никој, за нас домашното првенство доаѓа во март. Но наша цел е да ги освоиме двете титули, Купот и првенството“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата