Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Португалија, Кристијано Роналдо е свесен дека е најголем вниновник за ремито во дуелот против селекцијата на Австрија.

Фудбалерот на Реал (М) во 79 минута промаши удар од белата точка, а по натпреварот изјави дека не можел да добие поголема шанса за да постигне погодок.

Не дадов гол и разочаран сум бидејќи не можев да имам поголема шанса. Промашив пенал, но тоа е фудбалот. Сигурен сум дека ќе ја подобриме нашата игра”, изјави Роналдо.