x

Пролет го завери местото во плеј-офот

screenshot_20201204_193747

Ракометарите на Т. Пролет со победа над Радовиш го заверија местото во плеј-офот. На претпоследниот натпревар во Супер-лигата славеа со 27-21 за зацврстување на втората позиција во групата А.

Гостите тргнаа со 0-3, но домашниот состав брзо врати, го презеде водството, не беше лесно, но сепак на полувремето имаше предност од 13-12.

По одморот Т. Пролет одигра многу подобро, предводен од искусниот голман Ангелов брзо дојде до поголема позитива од 20-16, која до крајот ја зголемуваше.

Пејовиќ со девет гола беше прв стрелец, тука беа 15-те одбрани на Диви, две од седум метри.

Во последниот меч Пролет игра со Струга.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата