x

Пролет без проблем против Астраион, КЛ7 имаше сили за едно полувреме

img-69b585aed11e583063b0c982ec33cbad-v

Т.Пролет дојде до втората победа во низа во Супер-лигата. За разлика од минатото коло, овој пат лесно ги осигура новите два бода, го совлада Астаион со 32-24.

Струмичани пружија силен отпор во првите 15. минути, беше 9-8, по што скопскиот тим со серија од 3-0 поведе со 12-8. На одморот беше 14-10. Во продолжение беше полесно за Пролет, без проблем го зголемуваше водството. Василевски имаше девет гола, втор стрелец беше Додевски со четири погодоци.

Голден Арт КЛ7 не успеа да дојде до првите бодови во дебитанската сезона, Радовиш беше подобар со 33-29. Избраниците на Андон Бошковски имаа водство само на стартот 0-1, во продолжение темпото го диктираше противникот. На полувремето беше о 17-15 и покрај тоа што гостите неколку пати успеваа да израмнат, но немаа сили да поведат. Радовиш поведе со 20-15 и ги реши сите дилеми.

Илиев со 12 погодоци беше нерешелива енигма за КЛ7 каде пак Илиевски имаше шест гола.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата