Русија е земја големи простсранства, скриени градови, но има и свои мистични зони.

На границата со Грузија, на недалеку оддалеченото руско село Даргавс, се наоѓаат остатоци од повеќе од 10.000 луѓе. Она што е чудно е дека луѓето овде претежно биле погребани над земјата, така што целата сцена потсетува на некое проколнато село.

На овие древни гробишта, одма над руската граница со соседна Грузија, лежат закопани повеќе од 10,000 луѓе, претежно закопани со облека и лични работи. Верувањето на локалното население дека секој што еднаш ќе влезе во селото Даргавс, не се враќа жив од таму, не е единствената мистерија што ги опкружува овие морничави гробишта, а историчарите постепено ги откриваат сите тајни.

Од 16 век, оваа област на југот на Русија се користела како гробишта.

Според една теорија, по татарската инвазија и уништувањето на оваа област во текот на 13 век, месното население кое живеело во оваа рамнина долга 17 км на Кавказот, започнале со градење гробници над земјата во обид да заштедат вредно обработливо земјиште.

Втората теорија го поврзува „градот на мртвите“ со индо-иранската традиција воспоставена од Сарматите, населувајќи ги јужните руски региони за време на нивните миграции, што подразбира закопување на мртвите над земјата, од почит кон неа.

Денес, овој локалитет вклучува 99 исклучително добро сочувани гробници, со закривени покриви и еден прозорец, каде во секоја од нив лежат 100 закопани тела.

Историските податоци за големата епидемија на чума што се ширела во регионот во текот на 17 и 18 век, содржат и приказни за населението, кои се криеле во овие надземни крипти, како еден вид карантин за заразените, и таму ја чекале нивната смрт.

Некои од телата биле погребани во дрвени ковчези кои личат на чамци, додека кај некои се откриени и весла. Бидејќи нема пловни реки во близина, историчарите веруваат дека месното население верувало дека починатиот мора да премине река за да стигне до Рајот.

Додека туристите во голем број ги посетуваат овие гробишта од 1,5 хектари, за да видат примери на извонредно добро сочувана средновековна архитектура, историчарот Људмила Габоева смета дека луѓето кои доаѓаат од страв од ова место, ќе најдат нешто друго освен неговата убавина – помирување со вечниот страв од смрт.