Организацијата на земјите-извознички на нафта (ОПЕК), прави се; што е во нејзина можност да го спречи натамошниот пораст на цената на нафтата, изјави министерот за нафта на Обединетите Арапски Емирати, Обеид бен Сеиф ан Насири. Во петокот цената на нафтата на берзата во Њујорк достигна рекордно ниво од 53,40 долари за барел. Саудискиот министер за нафта Али ибн Ибрахим ал Нуејми најави дека неговата држава произведува нафта со полн капацитет, од околу 9,5 милиони барели на ден. “Му порачувам на светот дека недостиг од нафта нема, ниту ќе има. Ќе ја задоволиме зголемената побарувачка на нафта”, истакна Нуејми. Светските пазари реагираат на алармантното зголемување на цената на нафтата поради наближувањето на зимата и несигурната состојба во Нигерија, која е меѓу водечките нафтени производители. (МИА)