x

ПРОИГРУВАЊЕ: Карамелите се вкусни на Стемфорд Бриџ

Денеска богат избор на интересни натпревари за типување во силните европски првенства. Недела, ден за одмор, ручек, кафенце и нормално гледање на спорт. Ова се нашите предлози за денеска…

АНГЛИЈА 1

ЧЕЛСИ

ЕВЕРТОН

Добро е позната онаа серија на Евертон на „Енфилд“ против Ливерпул, каде навивачите на „карамелите“ ни самите не памтат кога последен пат победиле на тој стадион. Меѓутоа, кога би ставиле прст на чело, тешко би се присетиле и кога нивниот тим последен пат победил на „Стемфорд Бриџ“. Верувале или не, тоа не се случило ниту еднаш во овој век во Премиер лигата.

Челси би морал да победи на „Стемфорд Бриџ“, посебно поради се подраматичната борба за пласман во Лигата на шампионите. Единицата делува сосема реално, а можете да ја комбинирате со три или повеќе голови што е чест случај кога играат „сините“ и „карамелите“.

ХОЛАНДИЈА 1

ФЕЕНОРД

ВИЛЕМ ВТОРИ

Шампионската трка во Холандија е се поинтересна. Сега и Феенорд и ПСВ имаат право да сонуваат за „салатарата“, па без оглед на тоа што Вилем е најпријатно изненадување на досегашниот дел од сезоната единицата е реална. Размислете и за КМБ 1&2-4.

ГРОНИНГЕН

ПСВ

Рековме дека и ПСВ е во позиција да се бори за титулата и во пресрет на гостувањето кај непредвидливиот Гронинген и поголем мотив не им е потребен. Поволна работа за ПСВ е и падот на формата на екипата од северот, но не би нѐ зачудило ако и тие би постигнале гол.

ГЕРМАНИЈА 1

БАЕРН

АУГЗБУРГ

Аугзбург повремено успеваше да извлече реми со моќниот сосед, но сега оди на Алијанц арена без илузија за сензација и со барем една желба: да не доживее понижување. А како игра Баерн, 1-1&4+ и 1&2+I не би смееле да изостанат.

ШПАНИЈА 1

БЕТИС

РЕАЛ МАДРИД

Недела дена после големата победа во Ел Класико и преземањето на првото место на табелата, Реал Мадрид му гостува на Бетис. Тоа е едно од омилените гостувања на кралскиот клуб во последните години. Создадени се сите предуслови за добра партија и убедлива победа на мадриѓаните на „Бенито Виљамарин“. Предлози: 2 и КМБ 2&3+.

ВАЉАДОЛИД

БИЛБАО

Двоцифрен број на ремија имаат пет екипи. Меѓу нив се и актерите на овој меч, чии моментални ситуации се такви што не би имале ништо против нерешен резултат. Под услов Х да ви е ризик ставете 0-2 или КTXvППХ.

ВИЉАРЕАЛ

ЛЕГАНЕС

Врзаните порази од мадридски Атлетико и неговиот истоименик од Билбао му го прекинаа на Виљареал патот кон Лига Европа, но дуелот со редовниот „муштерија“ Леганес му е идеална шанса да се врати на вистинскиот пат. Ова е 1&2-3.

ФРАНЦИЈА 1

РЕН

МОНПЕЉЕ

Рен го држи местото кое води во квалификациите за ЛШ, додека противникот има седум бодови помалку, што не е недостижно. Значењето на мечот и меѓусебната традиција исклучува повеќе од два гола, со тоа што во предност се Бретонците. Монпеље е лош гостин.

ЛИЛ

ЛИОН

Тешко е да се предвиди исходот на едно од двете дербија ова коло – Лион го крена нивото на игра, но Лил не му лежи, меѓутоа, единица во нивните меѓусебни дуели не е видена од декември 2016. Можеби е подобро да побарате ГГ или КМБ 1+I&1+II.

ПОРТУГАЛИЈА 1

СПОРТИНГ

АВЕС

Четири португалски клуба дочекаа пролет во Европа и сите четири останаа без понатамошен пласман. Спортинг можеби и најмногу се бореше, но џабе сето тоа кога испадна и навивачите останаа разочарани. Овде единицата е „бетонирана“, веројатно со многу голови.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата