x

ПРОИГРУВАЊЕ: Единица со многу голови на Леверкузен-Ајнтрахт

Ова се нашите предлози за типување за сабота (7 март 2020 година).

АНГЛИЈА 1

АРСЕНАЛ

ВЕСТ ХЕМ

Градското дерби секогаш е незгодно за типување, а сега ситуацијата ја компликуваат неколку работи. Првата – Арсенал е поквалитетен по играчки кадар, но е наклонет на глупости (сетете се во ЛЕ). Втората – Вест Хем ќе биде мотивиран. Гаѓајте ГГ3+.

БАРНЛИ

ТОТЕНХЕМ

Барнли не заостанува премногу во однос на „петлите“, а бидејќи во последно време е во добра форма сите исходи се реални. Тотенхем го победи овој ривал во декември со 5:0, традицијата е на страната на лондончани, па сега би пробале двојка и 3+.

АНГЛИЈА 2

БРЕНТФОРД

ШЕФИЛД ВЕНЗДЕЈ

Во последните пет кола Брентфорд дури четири пати одиграл нерешено (со пораз на гостувањето кај Лутон). Ни Шефилд Венздеј не блеска, но не се осмелуваме да ви предложиме чиста единица. Пробајте комбинација 1Х&2+ или евентуално 2-4 гола.

ЛИДС

ХАДЕРСФИЛД

Лидс е во најдобра форма заедно со водечкиот ВБА, меѓутоа домашните го искористија изненадувачкиот „подарок“ од лидерот за да му се доближат на бод. Во претходното коло беа ефикасни, а истото важи и за Хадерсфилд, па во предвид доаѓа и 1&3+.

СВОНСИ

ВБА

Вест Бромвич Албион киксираше во претходното коло: момците на Славен Билиќ изгубија дома од Виган, кој се наоѓа веднаш над опасната зона. Свонси сака во плеј-офот, но има проблем со формата. Ние бираме ГГ и 1+I&1+II.

ГЕРМАНИЈА 1

ЛЕВЕРКУЗЕН

АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ

Во одмерувањата на силите меѓу Леверкузен и Ајнтрахт преовладуваат единици, а последните години сите заслуги за ретките двојки одеа на сметка на „фармацевтите“, кои моментално се и во подобра форма. Единицата има солидна квота, а комбинацијата со 3+ уште подобра.

ХЕРТА

ВЕРДЕР

Исходот на едно од најголемите дербија на северот на Германија многу му е поважен на Вердер, но на фудбалерите на Херта не им паѓа на памет да го частат ривалот со бодови. Поради традицијата ви препорачуваме Х2&ГГ и 1+I&1+II.

ВОЛФЗБУРГ

РБ ЛАЈПЦИГ

„Биковите“ на крајот на октомври се прошетаа низ Волфзбург во Купот (6:1). Меѓутоа, домашните после зимската пауза заредија со одлични настапи и двојката е далеку од сигурна. Не велиме дека ќе ја нема, туку дека Х2&ГГ и тука е подобар избор.

ТУРЦИЈА 1

ГАЗИШЕХИР

ТРАБЗОН

Трабзон е еден од претендентите за титулата и доаѓа во Газијантеп по сите три бода. Газишехир е лишен од било каков притисок и ќе сака да се надигрува, поради што голови би требало да има на двете страни, меѓутоа повеќе на контото на гостите.

ГЕЗТЕПЕ

БАШАКШЕХИР

Се што кажавме за претходниот пар може да се примени и на овој, со таа разлика што Гезтепе од октомври не е поразен пред своите навивачи, а меѓу противниците му беа и сите членови на истанбулската „голема тројка“. Затоа гаѓајте Х2&ГГ.

ШПАНИЈА 1

ХЕТАФЕ

СЕЛТА

Фудбалерите на Хетафе сигурно повеќе мислат на Интер, следниот ривал во ЛЕ, но секако не забораваат дека имаат и домашни обврска како дуел со Селта на кој бараат бодови за да ја задржат четвртата позиција. Селта е во добра форма и се оддалечува од опасната зона. Единицата не е сигурна, па пробајте 1Х&2+.

ФРАНЦИЈА 1

СТРАЗБУР

ПСЖ

Стразбур два пати по ред му оддолеа на ПСЖ пред своите навивачи, а на тоа не можат да се пофалат и некои поамбициозни клубови. Избегнете чиста двојка, Стразбур може до погодок, а наша препорака е КМБ Х2&ГГ.

ПОРТУГАЛИЈА 1

СЕТУБАЛ

БЕНФИКА

Бенфика им приреди две разочарувања на своите навивачи. Прво испадна од Лига Европа, иако беше ефикасна против Шахтјор, а потоа одигра само 1:1 со Мореиренсе. Меѓутоа, Сетубал е во лоша форма и во двојката не се сомневаме.

ПОРТО

РИО АВЕ

Ни Порто не успеа да ја сочува честа на португалскиот фудбал во Европа. Рио Аве одамна не изгубил и не очекуваме голеада. Сепак, триумф на новиот лидер на Примеира не би смеел да изостане.

ХОЛАНДИЈА 1

АЗ АЛКМАР

ДЕН ХАГ

За многумина помалку неочекуваната победа во Амстердам го доведоа АЗ на делба на првото место со Ајакс и со тоа го стави ривалот во лоша положба, се уште не опоравен од елиминацијата од ЛЕ. Ден Хаг не е ривал од кого треба да се плаши. Ова е единица.

ХЕРЕНВЕН

АЈАКС

За длабочината на кризата на Ајакс сведочат трите порази во претходните пет кола и неуспех во двомечот од 1/16 финалето на ЛЕ со Хетафе. Но, големите екипи, а такви се и „копјаниците“ секако знаат да се кренат кога е најважно. Одиграјте двојка или 2&2+.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата